Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид го објави потписот на Хулијан Алварез од Манчестер Сити. Трансферот е вреден 82 милиони фунти. Тој со објава на социјалните мрежи изрази особена благодарност до „граѓаните“.
-Манчестер Сити ќе има посебно место во моето срце. Денеска се збогувам со неверојатен клуб кој е полн со многу емоции. Беа две неверојатни години. Научив многу и се променив во позитивна насока како играч и човек. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи за секој момент што го споделивме заедно. Научив многу од вас и секогаш ќе негувам позитивни спомени. Сакам од се срце да им се заблагодарам на навивачите кои ме поддржуваа во секој момент. За мене беше чест да сме семејство, изјави Аргентинецот.
Алварез одигра 103 натпревари за Манчестер Сити и постигна 36 гола во сите натпреварувања. Два пати ја освои титулата во Премиер лигата, еднаш ФА Купот, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство