Граѓаните на Босна и Херцеговина со една просечна плата не можат да купат ни половина од потребните стоки и услуги што се вклучени во потрошувачката кошница за јули, која изнесува повеќе од 1.500 евра, соопшти Сојузот на синдикатите на БиХ.
За синдикалната кошница во јули беа потребни 2.977 конвертибилни марки (1.526 евра), додека просечната плата во БиХ изнесува само 709 евра, а минималната плата е 317 евра, што претставува само 20,79 отсто од потребната сума.