Кејти Пери е под истрага поради снимање музички видеоспот на Балеарските Острови. Одделот за заштита на животната средина на Регионална влада истражува дали пејачката и нејзиниот тим можеби ги оштетиле заштитените дини на островот С'Еспалмадор.

Дините на овој мал шпански остров важат за најдобро зачуваната верига дини на Балеарските Острови. Во видеото, пејачката танцува на повеќе места, меѓу коишто и дина на островот каде што важи забранет или ограничен престој. Наводно не е побарана дозвола за снимање на спотот на тоа место.

Патем, С'Еспалмадор е мал ненаселен остров во приватна сопственост во рамки на Балеарите.

Регионалната влада на својата интернет-страница за туризам наведува дека дините имаат голема еколошка вредност. Од Одделот за животна средина соопштија дека наводно недозволеното снимање на видеото во споменатото подрачје претставува повреда на еколошката средина и дека снимањето на видеото може да се одобри по барање



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2024 03:28