Тоа е епизода што бртитанскиот принц Ендрју веројатно би сакал јавноста да ја заборави, но неговото неславно интервју за „Њузнајт“ (Newsnight) од 2019 година ќе доживее екранизација.

Минисеријата „Еден кралски скандал“ (A Very Royal Scandal), со Мајкл Шин во улога на принцот и Рут Вилсон како водителката Емили Мејтлис, треба да биде објавена на стрим-платформата „Прајм видео“ (Prime Video) на 19 септември оваа 2024 година. Подоцна понижениот принц пред пет години беше нашироко критикуван поради обидот да го одбрани неговото пријателство со осудениот педофил Џефри Епштајн и избегнувањето да ги спомне неговите жртви во интервјуто.

„Една ноќ. Еден час. Едно интервју што предизвика бранови шок ширум целиот свет“, се вели во описот на минисеријата.

Според ИМДБ, најавени се три епизоди. Минисеријата е снимена и продуцирана во Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2024 03:28