Да учеше Филипче од историјата немаше да прифати улога на измеќар, извршител и тендер мајстор на картелот Заеви како што некогаш бил Сухарто, Шеше Шеко или Маркос на пример. Филипче да учеше од историјата ќе знаеше дека историјата не простува.

Нема да им се прости набавката на вакцини со провизии, тендерите во РЕК Битола, изгорените „Беса Транс“ и модуларна болница, онкологија и кражбата од пациенти на смртна постела, подизведувачите на Груби и сите криминали и скандали заради кои народот секојдневно се иселува.

И конечно додека СДС ја задолжи Македонија во гуша од неповолни кредити со огромни камати, а Филипче во тоа време распишуваше тендери во здравството за нивни блиски фирми, тогаш не слушнавме Филипче да каже нешто за рекордното задолжување кое за разлика од многу поволниот и корисен унгарски заем сега, тогаш парите наместо за проекти се делеа во фондот за иновации да се потсетиме на иновативните магариња или печатница или колички за разнесување пици, за грантовите дадени на нивни блиски.

Пљачката која СДС и ДУИ ја направија во Македонија е врв на криминалното однесување на политичари и се мери со онаа на историски најголемите криминалци во историјата на Европа. Фалеше уште маски за скијање да стават на главите па да биде уште поочигледно што прават.

Го разбираме Филипче што мора да одработува, прљавите пари секогаш имаат дополнителна цена која се плаќа за нив, а тоа е беспоговорната лојалност кон тој што ти ги дал. Затоа Филипче се однесува вака понизно кон картелот Заеви. Нема избор. Тажно е да се гледа Филипче во оваа улога, од солиден неврохирург како прерасна во солиден измеќар на бандити станувајќи и самиот еден од нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2024 18:37