Босанската полиција застрела мигрант кој отвори оган врз полицајци од напуштена куќа во близина на градот Требиње во босанската Република Српска.
Полицијата во Требиње посочи дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време.
Полицијата и жандармеријата вчера го опколија селото Зови До, каде засега непознато лице за кое се претпоставува дека е странец пукало од огнено оружје. Нема повредени полицајци, пренесе БТА.
Жителите на селото изјавиле дека лицето вчера рано утрото фрлило експлозивна направа врз локален жител. Нема информации за повредени