Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, во врска со заканувачките пораки добиени преку е-пошта до аеродромот во Белград, српските амбасади и конзулати во Австрија и Германија и белградскиот центар за безбедносна политика, изјави дека МВР на Србија добила официјална информација дека станува збор за Денис. Красниќи од Швајцарија, чии родители се од Косово.
„Во врска со заканувачките пораки добиени преку електронска пошта на белградскиот аеродром, нашите амбасади и конзулати во Австрија и Германија и белградскиот Центар за безбедносна политика, Министерството за внатрешни работи доби официјална информација од Германија и Швајцарија дека се работи за Денис Красниќи. (26 ), од Швајцарија, чии родители се од Косово и Метохија. Лицето моментално се наоѓа на Косово и Метохија и издадена е наредба по враќањето во Швајцарија веднаш да се пријави во полиција“, изјави министерот Дачиќ.
Амбасади на Србија во две големи европски престолнини во изминатите 24 часа добија закани дека ќе бидат цел на терористички напади, изјави претпладнето министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ.
Како што јави Н1, тој додаде дека според првичните информации, тие закани доаѓаат од „екстремни сепаратистички кругови на дел од дијаспората од Косово односно од лица од албанска националност“.