Потпретседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП) и пратеник Ранко Остојиќ потврди дека има намера да се кандидира за лидер на партијата и побара поддршка од жупаниските одбори за неговата кандидатура.

„Побарав поддршка од жупаниските одбори за кандидатурата, бидејќи процедурата за кандидатура беше отворена вчера. Бидејќи има само најави до утврдување на кандидатот, тогаш ќе чекаме да заврши процедурата за кандидатура“, рече Остојиќ.

Засега за лидерската позиција во СДП се заинтересирани и Синиша Хајдаш Дончиќ, Сања Мајор и Младен Кешер. Актуелниот претседател на СДП, Пеѓа Грбин вчера ги повика сите членови кои имаат таква амбиција да ја истакнат својата кандидатура за позициите за кои се заинтересирани.

Кандидатурите може да се поднесат во наредните 10 дена, кампањата ќе трае до 13 септември, а потоа ќе следи изборот на новото партиско раководство. Откако ќе се избере претседател на СДП, се конституира Главниот одбор на партијата



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2024 06:19