Ден по средбата со шефот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА, Вилијам Барнс, косовската претседателкс Вјоса Османи оцени дека сојузот со Соединетите Американски Држави (САД) е гаранција за безбедност, мир и успех на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Османи денеска на својата страница на Фејсбук објави и неколку фотографии од средбата која се одржа во четвртокот.
„Сојузот со САД, гаранција за безбедност, мир и успех! Задоволство што вчера му посакав добредојде во Република Косово на шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), амбасадорот Вилијам Барнс“, напиша Османи