При вршење на претрес на лица и простории во Казнено – поправната установа Затвор „Скопје“ вчера полицијата пронашла наркотични средства кај притвореник од кого биле одземени и шприц, ризли и други предмети.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при вршење на претресот притвореникот Д.С.(45) фрлил марихуана и бела прашкаста материја во канта за отпадоци, кои биле пронајдени и одземени.

- Исто така, од него биле одземени шприц, ризли и други предмети, дополнуваат од МВР.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги подигнале дрогата и предметите за понатамошна постапка, а од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2024 04:03