Тоа што се случува во синдикатите е работа на синдикатите и не треба да ја занимава ниту СДС, ниту ВМРО-ДПМНЕ. Но спротивно на ова, раководството на ССМ најавува штрајк, Венко Филипче го поддржува. ССМ има внатрешен судир и обвинувања за нелегитимно раководство, СДС експресно излегува во одбрана на актуелното раководство на ССМ.

Со ова само се потврдува дека СДС седи зад актуелното раководство на ССМ и е во тесна спрега. Наместо грижа за работничките права и дијалог за нивно подобрување, СДС партиски го инструментализира синдикатот користејќи го како продолжена рака на власта.

Додека ова раководство на ССМ преспа газење на работниците, потценување на работниците од минатата власт, сега преку ноќ, само за два месеци се дигна со барања синдикатот. Тогаш ќе се види степенот на рамноправност во битката за подобар живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2024 16:59