Податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, покажуваат дека се зголемува интересот на странски државјани да живеат и работат во Албанија.

Нивниот број бележи зголемување од 18,2% во текот на 2023 година во однос на претходната година.

-На крајот на минатата година, бројот на странци со дозволи за престој во Албанија бил 21.460. Граѓаните со потекло од Косово, Италија и Турција се најголем број странци со дозволи за престој кои ја избрале Албанија за живеење и работа во текот на изминатата година, објавија медиумите.

Причините за населување во Албанија се различни, но преовладува онаа за вработување. За Италијанците и Турците, главна причина е работата, косовските граѓани повеќе доаѓаат поради обединување на семејството.

- Интересен податок е зголемувањето на бројот на индиски државјани кои доаѓаат во поради работа. Речиси двојно повеќе од граѓаните кои доаѓаат на работа во Албанија се и оние со потекло од Филипините и Бангладеш, наведуваат медиумите.

Во текот на минатата година раст од над 22 отсто бележат и барањата за добивање дозвола за престој.

Во 2023 година се евидентирани 6.630 странци кои влегле на територијата на државата без нередовна документација, од кои најголем дел, околу 44 отсто се странци со потекло од Авганистан и Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2024 18:04