Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска нема сознанија дека апсењето на „хрватскиот шпион“ за кое денеска јавија српските медиуми „навистина се случило“.

- Немаме никакви информации за споменатата тема, ниту дека навистина се случил таков настан, изјавиле претставници на хрватското МНР на прашање на Хина за тврдењата на српските медиуми.

Рано утринава на подрачјето на Белград, српската Агенција за безбедност и информирање (БИА), во соработка со други надлежни државни органи, спровела контраразузнавачка акција за апсење на хрватски шпион, пишуваат белградски „Новости“.

Според сознанијата на белградскиот медиум, акцијата била „резултат на повеќемесечна оперативна работа на БИА и продолжување на сузбивањето на шпионажата и деструктивно-субверзивните активности на хрватската разузнавачка и безбедносна служба СОА“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2024 14:41