По веста за приведувањето и испрашувањето на Северина Вучковиќ на хрватско-српската граница, како што пренесува „Индекс“, хрватската пејачка изјави дека „нема да оди во Србија додека диктаторот е на власт“, со што само долеа масло на огнот.
Имено, Северина синоќа се упатила кон Србија, но српската полиција ја запрела на граница и ја привела на разговор. Некои српски медиуми како причина ги наведоа „контроверзните изјави“ коишто таа ги дала во јавноста. Интернет-сеирџиите почнаа со своите шеги...
„Северина... Државен непријател број 1“, „Ги профали 'форите' на Вучиќ“, „Отсега Северина ми е на плејлистата“, „Утрово во Белград е уапсен хрватски шпион“ - гласат дел од коментарите.
По разговорот на Северина ѝ е дозволен влез во Србија, но таа се вратила во Хрватска и потоа објаснува како ѝ бил претресуван автомобилот и била испрашувана за нејзините изјави за Сребреница