Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, одговори на прашањето кој сегашен возач би можел да го победи Макс Верстапен во болидот на „Булс“.
Според експертот, клупскиот партнер на 26-годишниот Холанѓанец треба да има голема самодоверба.
- Искрено се надевам дека не многу пилоти се способни за тоа. Можеби Хамилтон или Ландо би можеле да му се доближат. Но само да го предизвикаат. Пилотот во истиот тим како Макс мора да има многу самодоверба. Мора да признае дека сега вози со најбрзиот возач во Формула 1. Многу, многу е тешко да го победиш Верстапен, рече Марко.
Верстапен моментално води во поредокот кај возачите со 295 бодови. Ландо Норис од Мекларен има 225 бодови и е на втората позиција. Хамилтон од Мерцедес е на шестото место со 154 бодови