Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Грен слемот УС Опен.
Неговиот противник, сонародникот Ласло Ѓере го предаде мечот при резултат 6:4, 6:4 и 2:0 во корист на Новак.
Мечот одигран ноќта среда кон четврток траеше 2 часа и 12 минути.
Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ сервираше три аса, направи 8 двојни грешки и реализираше 4 од 10 брејк топки. Неговиот противник постигна 11 аса, 1 двојна грешка и 1 конвертирана брејк-топка од 8 шанси.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Австралиецот Алексеј Попирин.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 75 милиони долари.