Во Србија oд 1 септември до крајот на октомври граѓаните ќе можат да купат 81 вид на производи во 2.500 малопродажни објекти во рамки на акцијата „Најдобра цена“ по поповолни цени, изјави денеска премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.
На денешната презентацијата на таа акција тој истакна дека ќе бидат означени како „Најдобра цена“ и дека ќе ги има во продавниците што ќе ги продаваат. Станува збор за храна и средства за лична хигиена и производи за хемија во домаќинството, а меѓу нив се месо, јаболка, кромид, кафе, риба, шампони, тоалетна хартија и слично. Тој ги спомена и конкретните производи и нивните нови цени и посочи дека попустот е во просек 26,82 отсто и дека домаќинствата ќе можат да заштедат од осум до 22.000 динари.
Од синоќа и црноорската Влада како и српската најави намалување на цените и на маржите за стотици производи во обид да се справат со зачувување на стандардот на граѓаните.
„Владата на Црна Гора ќе ги намали маржите на илјада ставки, а одлуката ќе важи до 31 јануари 2025 година, најави синоќа вицепремиерот и министер за економски развој Ник Ѓељошај.
Ѓељошај истакна дека се труделе да имаат што повеќе домашни производи по намалена цена.
Премиерот Милојко Спајиќ нагласи дека инфлацијата сама по себе не е проблем, но сепак се високи цените на производите. „ Таа мерка ќе им овозможи на граѓаните да очекуваат зголемување на платите и значително повисок стандард. На овој начин ќе ги убедиме граѓаните дека власта нема да го загрозува стандардот на граѓаните...Ги земавме предвид мислењата на граѓаните кои ги испратија своите барања, па донесовме одлука што е посеопфатна“, рече тој.