Дали властите во Белград повторно си дадоа дипломатски автогол или медиумската галама за приведувањето на пејачката Северина Вучковиќ на граница треба само да го оттргне вниманието од домашните проблеми, од кои најголем е неочекуваниот отпор кон ископот на литиум во Србија, пишува Германски дневен весник Франкфуртер рундшау, пренесе Бета.

„Првпат државните органи го признаа постоењето на списоци на сторители на „вербален криминал. Забрана за влез на уметници во земјата, напади на независни медиуми, судско малтретирање на еколошки активисти - отпор и масовни протести против експлоатацијата на литиумот се причината поради која на Белград му олабавуваат нервите“, пишува весникот.

Весникот пишува дека и српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјавиле дека ќе се укинат списоците со лица на кои треба да им се забрани влез во Србија, со што се потврдуваат долгогодишните сомнежи дека постојат такви списоци.

Весникот пренесува дека српскиот вицепремиер Александар Вулин, „кој себе си се опишува како русофил“, изјавил дека лично ги составувал списоците додека бил министер за полиција и тајна служба на БИА.

„Всушност, не само непожелните уметници и еколошки активисти од соседните земји, туку и критичарите на (рускиот претседател Владимир) Путин веќе извесно време се изложени на зголемено вознемирување и забрани на границите на Србија“, пишува весникот, додавајќи дека „ Тврдењата на Вулин не изгледаат премногу веродостојни дека списоците ги составил без знаење на неговиот покровител Вучиќ“.

Франкфуртер рундшау потсетува на случајот со босанската пејачка Селма Бајрами, на која на почетокот на годината и беше забранет влез во Србија затоа што на концерт наводно со рацете го направила симболот на албанскиот двоглав орел, како и на случајот со босанската актерот Феѓа Штукан, кој беше критикуван од Безбедносната информативна агенција за учество во протестна прошетка.

Според весникот, независни правни експерти во Србија предупредија дека таквите списоци се целосно неуставни и незаконски.

„Но, пред се, неочекувано силниот отпор против планираното ископување на литиум во долината Јадар е она што се повеќе ги истенчува нервите на српските власти“, оценува Франкфуртер Рундшау.

„Без разлика дали се работи за нескротливи хорор приказни за планирани убиства на Вучиќ, или за предупредувања за заговори од странски сили и невладини организации, овие бесмислени постапки имаат еден заеднички именител. Оваа влада нема апсолутно никаков одговор како да реагира на протестите против експлоатацијата на литиумот.“ заклучува весникот, пренесе Бета



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2024 16:30