Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека нема воведување на задолжителен воен рок без договор.
- Јас сум претседател на Републиката и врховен командант и ќе бидам уште пет години и без врховниот командант не треба да се навлегува во такви работи, истакна Милановиќ по повод најавата на министерот за одбрана Иван Анушиќ дека од 1 јануари следната година во Хрватска ќе биде задолжителен воениот рок.
Милановиќ тврди дека за враќањето на задолжителниот воен рок дознал од медиумите.
- Тоа покажува несериозност, тенденција за целосно експериментирање надвор од уставната рамка. Тоа е еден од показателите за тоа како (премиерот) Андреј Пленковиќ го толкува Уставот и како мисли да го спроведува, истакна Милановиќ.