САД ја одобрија продажбата на артилериски ракетен систем ХИМАРС на Хрватска во вредност од 390 милиони долари, соопшти Пентагон.

Во набавката на системот, како што пренесува Индекс.хр, ќе биде вклучена и компанијата Локид Мартин.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ неодамна најави натамошни инвестиции во хрватската армија, меѓу другото, и со ХИМАРС.

ХИМАРС е високо подвижен артилериски систем земја-земја на тркала. Системот вклучува камион, систем за наведување и контејнер со капацитет од шест ракети.

Во регионот ниедна земја нема ХИМАРС. Во Европа, според достапните информации, го имаат само Полска, Романија и Украина.

Пристигнувањето на ХИМАРС драматично би ја зголемило огнената моќ на хрватските копнени сили и би претставувало моќно средство за одвраќање, пиштува Индекс.хр.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2024 04:22