Српскиот претседател Александар Вучиќ му порача на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во „отворен и искрен“ разговор дека е крајно загрижен поради „последните насилства на Косово и Метохија, постојаното кршење на правата и загрозувањето на безбедноста на српското население од арогантните и незаконски потези на Приштина“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Побарав конкретна и недвосмислена реакција од ЕУ и од земјите членки - не само во осуда на ваквите потези, туку и во нивното спречување и заштита на Србите. Србија останува одговорен партнер на ЕУ во процесот на нормализирање на односите со Приштина, но ќе ги искористи сите достапни дипломатски средства за да го спречи теророт врз нејзиниот народ“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ и Лајчак се сретнаа денеска во Прага на маргините на Регионалниот безбедносен форум (ГЛОБСЕК)