Компанијата Ер Србија му приреди изненадување на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ при враќањето од Њујорк и настапот на ЈуЕс Опен, означувајќи го авионот на релацијата до Белград со бројот 24, идентичен на неговиот светски рекорд во освоени грен – слем титули.

Перничињата на сите седишта во авионот го носеа бројот 24.

Ѓоковиќ десет пати беше шампион на Австралија опен, три пати го освојуваше Ролан Гарос, седум пати Вимблдон и четири пати УС Опен.

Српскиот тенисер неодамна го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2024 03:59