„Почитувана јавноста добро е вака на отворена сцена да ја видиме коалицијата помеѓу СДСМ Левица и да видиме дали и ДУИ ќе се приклучи на оваа коалиција. Колега Талевски спомнавте башибозук и самоволие, интересно е тоа да го слушнеме од пратеник на СДСМ кој што е веќе втор мандат во овој парламент кога се изнагледавме што е башибозук и самоволие. Кога за прв пат во нашата историја видовме претседател на Собрание како буквално ги пцуе вработените во Собранието а одговор од него беше Талат Џафери е најдобар претседател на Собранието и тоа го повтoруваа како расипана плоча сите до еден пратеници на СДСМ“ кажа Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната седница во собранието и додаде:

„Колега Талевски зарем не е башибозук и самовoлие министри од вашата влада да трошат државни пари преку службени картички за купување на разно разни подароци, мечиња куфери сите брендирани зарем не е самоволие да се плаќаат илјадници евра за една ноќ во апартмани луксузни во европските метрополи, да се плаќаат авионски карти а да не се оди на тоа патување. Смешно е и глупо е да поддржите една ваква интерпелација притоа не спомнувајќи го Африм Гаши ниту еднаш во вашиот говор а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ги извадивте од уста. Тоа е само доказ дека ова што го правите е безизлезност и се обидувате со гол популизам да дојдете до ситни политички поени“ нагласи Петрушевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2024 20:45