Едно лице загина, а неколку се повредени во пожар на бензинска станица во Хрватска, на автопатот Загреб-Плоче во правец на Дубровник, откако возило удрило во пумпа за гориво, потврди вечерва локалната полиција.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека пожарот избувнал околу 17 часот и 45 минути на бензинската пумпа во одморалиштето Мосор, кое се наоѓа во близина на Омиш.

– За жал, се чини дека едно лице загина, а неколку се повредени, три лица се пренесени во болницата во Сплит, изјави Божиновиќ, пренесе телевизијата Н1.

Тој рече дека возилото удрило во пумпата за гориво и оти пожарот е ставен под контрола.

Лекарите од итната помош и неколку пожарникари се на терен.

Според хрватските медиуми, неколку возила се запалиле



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2024 04:44