Отворен нов дом за стари лица во Сопиште

Новиот приватен дом за стари лица има капацитет за 40 лицa, а за неговата изградба помогна и Владата на Република Македонија кој додели грант од 12.000 евра. Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, кој присуствуваше на отворањето на старскиот дом, истакна дека мерките коишто ги воведе Владата со цел зголемување на бројот на домови за згрижување на стари лица, како и капацитетот за згрижување на стари лица даваат резултат.- Ние сме задоволни со постигнатото изминатите неколку години. Поволната цена за градежно неизградено земјиште од едно евро метар квадратен, намалените комунални давачки за изградба на објекти, секако, најновата мерка грант неповратни средства од 12 илјади евра за отворање на приватен дом за стари лица го дадоа својот резултат, рече Спасов.За новоотворениот дом за згрижување на стари лица „Сончев дом Тодоровски“ рече дека е 22 по ред, има капацитет за згрижување на 40 стари лица и во него се отворени десет работни места. Почетната инвестиција, како што кажа Спасов, е од околу 300 илјади евра.- Владата на РМ помогна во отворањето на овој приватен дом за стари лица со грант од 12 илјади евра. Исто така инвеститорот искористи дел од поволностите односно плати комунални такси за изградба на овој објект намалени за 95 проценти, рече тој.

Отворен нов дом за стари лица во Сопиште


Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 18:48