Американците оваа година со сигурност ќе имаат тенисер во финалето на ЈуЕс Опен, откако Тејлор Фриц и Френсис Тиафо синоќа обезбедија пласман во полуфиналето.

Тоа ќе биде прво американско полуфинале од 2005 година кога Андре Агаси играше против сонародникот Роби Џинепри, а САД повторно ќе имаат свој претставник во финалето по Енди Родик на Флешинг Медоу во 2006 година.

Фриц, 12. рангиран тенисер во светот, го елиминираше во четвртфиналето Германецот Александар Зверев (АТП-4.), финалистот од 2020 година, со 7-6 (7/2), 3-6, 6-4, 7-6 (7 /3), додека Тиафо (АТП-20.), кој играше во полуфиналето на ЈуЕс Опен во 2022 година, го искористи повлекувањето на Бугаринот Григор Димитров (АТП-9.) со резултат 6-3, 6-7 (5. /7), 6-3, 4-1.

Американците ќе имаат свој претставник и во женското полуфинале, каде пласман обезбеди Ема Наваро, совладувајќи ја Шпанката Паула Бадоса со 6-2, 7-5 два дена откако ја елиминираше бранителката на титулата Коко Гауф.

За 23-годишната Американка, 12-та на ВТА ранг-листата, ова е прво грен - слем полуфинале.

Наваро в четврток за пласман во финалето ќе се бори со втората тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленко, која лесно со 6-1, 6-2 ја совлада кинеската олимписка шампионка Женг Чинвен (ВТА 7.).



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2024 16:54