На локалните избори во главниот град на Црна Гора, Подгорица, закажани на 29 септември, ќе учествуваат 13 листи.
Граѓаните ќе изберат 59 советници, еден повеќе од претходниот состав избран во октомври 2022 година. Во Подгорица регистрирани се 145.908 граѓани со право на глас.
Вонредните локални избори ќе чинат околу 270.000 евра.
Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ поранешни сојузници, сега се главни конкуренти во борбата за власт во Подгорица. На изборните листи има и неколку поранешни министри, но и група граѓани