На островот Пантелерија, во регионот на Сицилија, археолозите открија 27 ретки римски сребрени монети, соопштија денеска локалните власти.

Тим археолози предводени од Томас Шефер од германскиот универзитет во Тибинген ги откриле монетите за време на проектот за реставрација.

Монетите се пронајдени на едно од најголемите локалитети на Медитеранот, кое вклучува остатоци од античка грчка колонија основана во 7 век пред новата ера.

На истото место во 2010 година беа откриени 107 римски сребрени монети, а пред неколку години недалеку од таму беа пронајдени три познати бисти на Цезар, Агрипина и Титус.

„Ова откритие дава вредни информации за трговските контакти и политичките односи на Медитеранот во тоа време“, изјави локалниот функционер Франческо Паоло Скарпинато



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2024 05:46