СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.П.(73) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 28.07.2024 во село Секулица, кратовско, пријавената го пуштила нејзиното куче без да биде обезбедено и без надзор, кое отишло во дворно место од викенд куќа на друго лице и каснало 60-годишна жена од истото село.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2024 05:21