Грчката полиција соопшти дека решила неверојатен случај во градот Триполи на Пелопонез, каде 44-годишна жена била обвинета дека подметнала неколку пожари, а во своја одбрана тврдела дека тоа го направила бидејќи уживала да ги гледа и да флертува со пожарникарите.

За своите постапки таа доби 36 месеци затвор и парична казна од 1.000 евра. Гркинката предизвикала два пожари на земјоделско земјиште, но за среќа не е причинета поголема штета бидејќи и двата брзо биле изгаснати.

Според грчките медиуми, 44-годишната жена станала главен осомничен кога пожарникарите забележале дека е присутна на двете жаришта, пишува Грик Репортер. Таа признала дека сакала да запознае маж во униформа



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2024 05:31