Британскиот возач Оливер Берман ќе се врати во Формула 1 порано од планираното за да го замени суспендираниот Кевин Магнусен во болидот на Хаас на претстојната трка за Големата награда на Азербејџан.

Берман потпиша договор со Хаас за 2025 година во јули, но веќе следната недела ќе вози за тимот во Баку, откако Магнусен беше суспендиран на една трка поради казнените поени што ги акумулираше во текот на сезоната.

„Дефинитивно е поголем предизвик да се влезе во трката како резервен возач, со ограничено време за подготовки и слично, но јас сум во добра позиција затоа што тоа го направив на почетокот на сезоната во Ферари, па ќе можам да го искористи тоа искуство“, изјави 19-годишниот Берман.

Берман главно вози во Формула 2, а направи сензација во Формула 1 во март кога заврши седми на своето деби со Ферари на Големата награда на Саудиска Арабија



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2024 19:39