Борче Костовски, спортски работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“.

Најголемиот успех, Костовски го постигна како тренер на олипиецот Дејан Георгеивски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио.

Покрај Костовски, признанија за остварувања во областа на спортот ќе им бидат доделени и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.

Наградите ќе бидат врачени утре во Кристалната сала на Собранието.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2024 19:45