Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд - Скопје на скопјанец, осомничен за обид за силување.
- Основното јавно обвинителство - Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело - полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 - во обид - од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од Јавното обвинителство.
Во текот на вчерашниот ден, осомничениот, на возраст од 31 година, нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа.
- Жртвата се движела пеш кон нејзиниот дом и откако го поминала пешачкиот премин на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на општината Кисела Бода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица. Ја турнал и се обидел полово да ја нападне. Жената цело време викала, барала помош и се обидувала да се ослободи, а кога започнале да се собираат луѓе, осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата, се додава во соопштението на Обвинителството