Малолетник од Сирија е убиен синоќа во Бихаќ во судир меѓу мигранти, потврдија претставници на Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон (УСК).

Полицијата денеска соопшти дека синоќа околу 18:30 часот во непосредна близина на мигрантскиот камп Бориќи се судриле мигранти и оти во тој судир едно лице се здобило со убодни рани.

Млад мигрант од Сирија починал во Кантоналната болница во Бихаќ, додека насилникот, исто така мигрант, е во бегство. Потрагата по него е во тек



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2024 18:20