Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез (Дукати-Гресини) победи на денешната трка за Големата награда на Сан Марино во Мисано.
Севкупно, тоа беше 61. победа во кралската класа за 31-годишниот шпански мотоциклист.
Искусниот Шпанец славеше пред актуелниот првак, Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати), додека неговиот сонародник Италијанецот Енеа Бастианини (Дукати) го комплетираше подиумот на 13-та трка сезонава.
Лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин, заврши дури на 15. место.
Мартин води во генералниот пласман со 312 бодови, седум повеќе од Бањаја на второто место.
Следната СП трка исто така ќе се вози во Мисано, но како дел од Големата награда на Емилија-Ромања на 22 септември.