Вицепремиерот на Србија Александар Вулин денеска во Москва се сретна со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Сергеј Шојгу, јави дописникот на МИА од Белград.

-На средбата Вулин му се заблагодари на Шојгу за поканата да учествува на состанокот на високи безбедносни претставници на БРИКС и земјите партнери во Санкт Петербург организиран од Советот за безбедност на Русија, соопштија од Владата на Србија.

Самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) ќе се одржи од 22 до 24 октомври во рускиот град Казан.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе донесе одлука за поканата на рускиот претседател Владимир Путин за негово учество на состанокот на БРИКС на 10 или 15 октомври.

На средбата меѓу Вулин и Шојгу, како што се наведува во соопштението на владата, се разговарало за „широк спектар на теми од заеднички интерес за Србија и Руската Федерација“.

-Вулин го запознал Шојгу со ситуацијата на Косово и Метохија која е „на работ на конфликт“ и истакнал дека политиката на властите во Приштина е етнички чистење на србите, се наведува во соопштенеито.

Вулин се заблагодарил на Русија за почитувањето на територијалниот интегритет на Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2024 06:10