Мост во северниот дел на Виетнам се урна во налетот на супертајфунот Јаги, јави Би-Би-Си. Десетици автомобили и мотоцикли паднале во реката, најмалку три лица биле спасени, а 13 лица се водат како исчезнати.

Дел од структурата на мостот долг 375 метри се уште стои, а војската сега ќе гради понтонски мост.

Јаги, најсилната азиска бура годинава, уби повеќе од 60 лица откако стигна до Виетнам, со налети на ветрот до 203 km/h.

Најмалку 44 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето и поројни поплави, соопшти Министерството за земјоделство и рурален развој на земјата, а меѓу нив има и 68-годишна жена, едногодишно момче и новороденче.

Повеќе од 240 луѓе се повредени, а околу 1,5 милиони се уште се без струја.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2024 06:16