Косовскиот премиер, Албин Курти и министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља денеска поставија камен-темелник за нова полициска станица во селото Лешак, во близина на Лепосавиќ во северно Косово, објави косовскиот портал на српски јазик КосовоОнлајн (kosovo-online.com).

На настанот присуствуваше и министерот за администрација и локална самоуправа, Елберт Красниќи.

Новата полициска станица треба да се изгради на местото на старата, на која веќе ѝ е отстранет покривот и чие уривање е започнато.

По церемонијата Курти и Свечља не дадоа изјави, туку веднаш си заминаа.

По нивното заминување започна уривањето на старата полициска станица.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2024 21:24