Во акција на чистење на Солунскиот Залив, односно на морето покрај градското шеталиште во центарот на Солун, биле извлечени десетици електрични тротинети и мотори од компанија за изнајмување, мобилни телефони, старо железо, батерии и отпад, јави дописничката на МИА од Атина.
Во чистењето на морето учествуваа околу 80 волонтери, од кои 40 нуркачи, како и четири чамци.
-Иако на дното на морето беше многу матно, успеавме да лоцираме и извадиме батерии, гуми, старо железо и многу тротинети и велосипеди, рече за грчката новинска агенција АНА-МПА нуркачот Димитрис Полизас.
Според Сотирис Николау, генералниот директор на невладината организација МЦЕП што учествуваше во акцијата, чистењето било на еколошки начин, односно без производство на диоксид, а отпадот ќе биде испратен за рециклирање и создавање производи од рециклирана пластика.
Акција беше на иницијатива на организиран Солунското пристаниште во соработка со низа невладини организации за заштита на животната средина, со компании, со поддршка на Меѓународниот саем, а под покровителство на Министерствата за поморство и за внатрешни работи (секторот за Македонија и Тракија), Периферијата централна Македонија и Општина Солун