Хрватска заедно со Србија ќе бидат домаќини на Светското јуниорско првенство за одбојкарки во 2025 година.
Турнирот ќе се одржи од 7 до 20 јули идната година, објави денеска Хрватската одбојкарска федерација. Светското одбојкарско првенство 2025 за јуниори ќе се одржи во Узбекистан од 21 јули до 3 август, додека СП за одбојкарки до 21 година ќе се одржи во Индонезија, а за мажи во Кина.
Овие првенства се одржуваат на секои две години, а во 2025 година ќе учествуваат рекорден број од 24 земји од сите пет континентални конфедерации