Дали тимот на Астон Мартин ќе биде факторот што ќе ја забрза пропаста на светските шампиони во Формула 1, Ред Бул?

Лоренс Строл веќе го претстави Адријан Њуи, кој почнува да работи за британскиот тим од почетокот на следната година, а заедно со ова се забрзаа гласините дека Астон Мартин веќе е во преговори со Макс Верстапен и светскиот шампион би можел да се пресели во тимот за сезоната 2026 година.

Макс има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, но неговата иднина со тимот е неизвесна по крајот на следната сезона.

-Нашата врата е секогаш отворена за Макс Верстапен. Откако ќе успеете да го привлечете Адријан Њуи, тоа е доказ дека нашиот проект е сериозен, целата визија на Лоренс не се само зборови. Ние веќе не сме аутсајдерите какви што бевме некогаш, туку тим кој е уверен дека може да се справи со предизвиците. Донесувањето на Њуи ни отвора многу врати за иднината, изјави шефот на Астон Мартин, Мајк Крак



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2024 04:35