Албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) ќе ја зајакнува сопствената заштита и безбедност со набавка на систем, кој служи како антитерористичка заштита во многу безбедносни институции.

- Причина за набавката на овој одбранбен систем, кој има за цел да ги заштити однадвор и внатре влезовите и излезите на СПАК, биле информациите добиени од Државната полиција, за можно сценарио за напад на зградата со дронови или автомобили наполнети со експлозив. Проценувајќи ја оваа полициска информација, но и гледајќи го трендот на некои лица од организиран криминал прислушувани од самиот СПАК, првиот човек на институцијата, Алтин Думани, се реши на овој чекор, за што ќе бидат потроши 708.000, објави „Ора њуз“.

Со средства од 218.000 евра ќе биде набавен уред за скенирање на багаж, уред за скенирање поштенски пратки (писма) и еден контролен мост. Со останатите средства ќе се набави апарат за скенирање на возилата кои влегуваат и паркираат во кругот на СПАК, како и автоматски уред наречен „Болард“.

Според документи на СПАК, целта на купувањето на автоматскиот систем со висока безбедност „Болард“ е да се запрат возилата од неовластен влез во безбедносните области и да се одржи највисокото ниво на заштита од антитероризам.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2024 04:40