Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и нејзината партнерка, Швајцарката Џил Тајхман доживеаја пораз во финалето во двојки на ВТА 125 турнирот што се одржуваше во Љубљана.

Тие загубија од италијанско-шпанската двојка Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2:1 во сетови (5-7, 7-5, 10-7 на поени) за помалку од два часа игра.

Ѓорческа претходно играше на овој турнир и во сингл, но ги заврши настапите во раната фаза



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2024 04:45