Несреќата на Серхио Перез и Карлос Саинз во претпоследниот круг од Големата награда на Азербејџан бил тркачки инцидент и никој не е виновен за ударот што ги извади и двајцата од трката. Ова го решија стјуардите во Баку два часа по финалето на 17 трка во сезоната во Формула 1.

Двајцата се судрија на правата помеѓу свиоците два и три, при што нивните автомобили тргнале лево по инцидентот и удриле во заштитната ограда. Стјуардите објаснија дека ги истражуваат „причините за инцидентот, а не последиците“. Ги испрашале двајцата пилоти, по што одлучиле дека и двајцата придонеле за малиот удар, кој сепак имаше сериозни последици.

Стјуардите забележаа дека управувачката позиција на двајцата останала „неутрална“, при што Саинц потврдил дека бил свесен дека Перез е до него. Телеметријата од болидот на Карлос покажа дека тој во претходните кругови поминал таму каде што се нашол и при несреќата со Перез, бидејќи бил на или многу блиску до тркачката линија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2024 04:49