Македонската машка шаховска репрезентација забележа победа, додека шахистките одиграа нерешено во дуелите од 5. коло на 45. Олимпијада што се одржува во Будимпешта.

Македонските шахисти во 5. коло триумфираа со максимални 4-0 во дуелот против Ел Салвадор и се позиционирани на 38. место со 6. меч поени. Во денешното 6. коло за противник ќе ја имаат селекцијата на Хонг Конг.

На женскиот олимписки турнир, Македонија во 5 коло одигра нерешено 2-2 против Јордан и се наоѓа на 83. место со 5. меч поени.

Противник на македонските шахистки во 6. коло ќе биде репрезентацијата на Киргистан.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2024 15:17