Бродот „Орику“ на албанската воена морнарица, кој е дел од мисијата на НАТО во Егејско Море, спаси 15 мигранти, кои биле во чамец и овозможил безбедно да стигнат на копно.
- Албанските вооружени сили продолжуваат да придонесуваат за безбедносните служби и надвор од границите на земјата. Екипажот на бродот „Орику“, во зоната на патролирање успеа да спаси 15 мигранти од Нигерија и Мароко, за што соработуваше со турската крајбрежна стража за понатамошни постапки, објави албанското Министерство за одбрана.
Од 2016 година, кога Албанија стана дел од мисијата на НАТО, во Егејско Море припадниците на албанската морнарица спасиле повеќе од 3.000 илегални мигранти, меѓу нив голем број жени и деца.
Министерството за одбрана нагласува дека лобирањето за изградба на поморската база на НАТО во Порто Романо, кај Драч, останува главен приоритет.
Остануваме посветени на зголемување на бројот на патролни бродови во соработка со нашите италијански сојузници, додека лобирањето за поморската база на НАТО во Порто Романо останува главен приоритет, се наведува во објавата на Министерството за одбрана на социјалните мрежи