Владата на денеска одржаната 20. седница донесе повеќе кадровски одлуки.

За Национален координатор за интеркултурализам, развој на културата и меѓуресорска соработка е именуван Абаз Селмани.

Како што соопшти владината прес-служба, за в.д. директорка на Државен испитен центар, на предлог на министерот за образование и наука, е именувана Даниела Јовчевска, додека за в.д. заменик-директор на Државен испитен центар, исто така на предлог на министерот за образование и наука е назначен Али Абдула.

Роберт Аџипетров е именуван за вршител на должноста директор на Педагошка служба, орган во состав на Министерство за образование и наука, се додава во соопштението на владината прес-служба.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2024 21:27