Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, во врска со изјавата на косовскиот премиер, Албин Курти дека мерките за помош на Србите во Косово се изведени од очај и дека не придонесуваат за мир, денеска изјави дека нема поголем очајник од Курти и дека го боли тоа што народот на северот му верува на својот единствен претседател Александар Вучиќ.

„Нема поголем очајник од Курти, чии специјалци пукаат во српските деца, кој оди со долги цевки по голораки и кој ги тероризира Србите за да докаже дека е силен. Курти го боли што нема да дојде ни куче во негова близина на северот на Косово и Метохија и дека народот му верува на својот единствен претседател Вучиќ!“, напиша Петковиќ на социјалната мрежа Х.

Претходно „Коха“ го пренесе Курти со ставот дека мерките за помош на Србите на Косово што ги објави претседателот Вучиќ се „донесени од очај“, и како што тврди, се ирационални и не придонесуваат за мир.

Според Курти, прво мора да се разговара за трите услови што тој ги поставил, во кои се наведува предавањето на Милан Радојичиќ на властите во Приштина, потпишувањето на договорот и повлекување на писмото од поранешната српска премиерка Ана Брнабиќ



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2024 10:37