Американскиот ар-ен-би пејач Фарел Вилијамс нагласи дека не сака неговото име да се поврзува со ниту една политичка партија, во последното негово интервју за „Холивуд репортер“.
Имено, 51-годишниот уметник и креативен директор за мажи во модната компанија „Луј Витон“, вели, „се нервира“ од „политичките игри“ во САД.
- Јас сум повеќе хуманитарец. Ми се допаѓаат луѓето кои се обидуваат да им помагаат на други луѓе. Не сум сигурен дека некогаш ќе гласам за крајно десните. Нема да го сторам тоа, изјави музичарот.
Тој додава дека е против мешањето на некои познати личности во политиката.
- Всушност, понекогаш и се нервирам кога познати личности се обидуваат да ми кажат (за кого да гласам)... Има познати чиешто мислење го почитувам... Но, не сечие, додава Фарел не појаснувајќи кого има предвид.
- Јас сум еден од тие луѓе (кои велат): „Замолчи, да му се сневиди! Никој не те праша!“ Кога луѓе излегуваат - самобендисани и „со засукани ракави“ и сѐ тоа... Значи, не. Попрво би останал настрана, и очигледно - ќе гласам како што ќе гласам. Се грижам за мојот народ и се грижам за земјата, но чувствувам дека има многу работа што треба да се заврши, а јас сум навистина за делата, заклучи Фарел.
Некои познати личности во САД, како Тејлор Свифт и Били Ајлиш јавно повикаа на гласање за Камала Харис на претседателските избори во земјата во 2025 година.