Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од осум до 15 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 25 степени.

Во сабота во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепенпораст.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2024 16:10